Саркози бара повеќе пари за развој на нуклеарна технологија

Францускиот претседател Никола Саркози изјави денеска дека меѓународните организации како Светската Банка треба да инвестираат во развој на цивилната употреба на нуклеарна енергија. Саркози додаде дека развојот на цивилната употреба на нуклеарната енергија може многу да помогне во намалувањето на глобалното затоплување.Саркози во својот говор пред претставниците на 65 земји на отворањето на конференцијата во Париз најави дека Франција ќе отвори институт за промоција на нуклеарната технологија.Домаќин на конференцијта е Организацијата за бебедност и соработка на Европа.
Франција има 58 нулерани реактори кои произведуваат енергија за задоволување на 75 проценти од потребите на жителите.