Македонскиот претседател Ѓорѓи Иванов испрати писмо со сочуство до неговиот турски колега Абдула Ѓул за жртвите од катстрофалниот земјотрес што ја погоди Источна Турција. Во писмото Иванов изрази жалење за жртвите и големите штети предизвикани од природната катастрофа.