Регрути ја напуштаат авганистанската полиција

Американскиот генерал полковник Вилијам Колдвел, задолжен за обука на новите авганистански безбедносни сили, изјави дека се откажале околу 67 проценти од регрутите за елитната цивилна полициска сила и дека редуцирањето на таа бројка ќе му биде еден од главните приоритети. Авганистанската национална цивилна полиција сочинува 3 проценти од целокупната полиција во земјата. Колдвел изјави дека бројката на регрути кои ја напуштиле полицијата изнесува 25 проценти.