Инцко: на БиХ и треба помош за спроведување на реформите

Високиот меѓународен претставник во БиХ Валентин Инцко ја повика меѓународната заедница посилно да се ангажира во поддршката на спроведувањето на клучните реформи во таа земја. Говорејќи на седницата на Комитетот за политички и безбедносни прашања на ЕУ во Брисел, Инцко оценил дека БиХ не може да си дозволи да изгуби уште една година. Ние од меѓународната заедница мораме да направиме се што можеме да спречиме предизборната кампања да се користи како изговор за натамошно одлагање на спроведувањето на клучните реформи, нагласи Инцко.