Од денеска Македонија комплетно располага со 42 милиони евра за рурален и земјоделски развој. Според евро амбасадорот Ерван Фуере Македонија прави решителен чекор во земање на учество во политиката на ЕУ за земјоделство и рурален развој
Од денеска Македонија комплетно располага со парите од ИПАРД фондовите. Сретствата се наменети за рурален развој и земјоделство, појасни вицепремиерот за евопски прашања Васко Наумовски
„Средствата од ИПАРД програмата се насочени кон мерките за инвестиции во земјоделските стопанства, инвестиции во преработка и пласман на земјоделски производи, диверсификација и развој на економијата. Покрај средствата од ЕУ, владата на Република Македонија за периодот од 2007 до 2010 инвестира сопствено учество од 10,5 милиони евра за истите мерки.“
Наумовски дополни дека во тек е првиот јавен повик за доста вување на барања за користење на сретства од ИПАРД програмата. Сепак, земјоделците кои до сега аплицирале за пари од европската програма се жалеа дека процедуратља е комплексна. Според неофицијални проценки во првиот пролонгиран рок за пријавување, за европските пари аплицирале само дваесетмина земјоделци. Но, и покрај тоа, вицепремиерот смета дека земјава е подготвена самостојно да располага со овие сретства
„Тоа колку биле подготвени институциите најдобро зборува одлуката на ЕК да го пренесе правото на управување. Доколку институциите не биле подготвени, оваа одлука немало ниту да се случи.“
Евроамбасадорот Ерван Фуере рече дека во суштина, со денешното потпишувањее на спогодбата за финансирање значајно придонесува кон руралниот развој
„Вашата земја прави решителен чекор во земање на учество во политиката на ЕУ за земјоделство и рурален развој.“
Евроамбасадорот додаде дека со превземањето на надлежностите за европските пари, земјава напредува кон европското семејство:
„Имајќи го предвид напредокот постигнат од главните актери во минатата година и во исто време препознавајќи го нивото на напорот којшто беше потебен да се вложи потпишувањето на оваа финансиска спогодба за ИПАРД програмата, денес претставува конкретен доказ за вистинските изгледи на иднината на земјата во семејството на ЕУ и поконкретно во полето на руралниот развој.“
Инаку ИПАРД програмата е активна од 2007 година а ќе трае до 2013 година. Целата програма тежи 42 милиони евра европски пари.
Средствата од ИПАРД програмата се насочени кон мерките за инвестиции во земјоделските стопанства, инвестиции во преработка и пласман на земјоделски производи, диверсификација и развој на економијата. Покрај средствата од ЕУ, владата на Република Македонија за периодот од 2007 до 2010 инвестира сопствено учество од 10,5 милиони евра за истите мерки