Анонимно пријавување корупција преку интернет

Европската канцеларија за борба против финансискиот криминал (ОЛАФ) денеска почнува проект со кој „совесните граѓани“ ќе може анонимно да пријават корупција. Генералниот директор на ОЛАФ, Николас Илет вели дека новиот систем им овозможува на луѓето да пријават корупција, но да не разговараат со истражителите. Во пилот-фазата, системот за пријавување корупција ќе биде достапен на англиски, германски,француски и холандски јазик.