Јанукович утре во посета на Брисел.

Новиот украински претседател, Виктор Јанукович, утре ќе престојува во официјална посета на Брисел, што ќе биде негова прва посета откако ја превземе функцијата.Во соопштението од кабинетот н апретседателот е наведено дека тој ќе разговара со претседателот на Европската Комисија, Жозе Мануел Баросо, со претседателот на Советот, Херман ван Ромпуј, со министерот за надворешна политика, Кетрин Ештон.Ова е прва на Јанукович на Брисел откако тој пред неколку дена ја презеде функцијата претседател на Украина.По Брисел, на 5-ти март, е предвиено Јанукович да ја посети и Москва.