По бранот етнички Албанци од Македонија кои бараат азил во Белгија, и поголема група Роми од Дебар патуваат во оваа земја во надеж дека ќе добијат азил. И покрај укажувањата на белгиските власти дека ќе бидат вратени и нема да добијат азил, над 150 Роми заминаа за Белгија, а голем е бројот и на оние што се подготвуваат да го сторат тоа деновиве.
По либерализацијата на визниот режим за Република Македонија од страна на земјите членки на ЕУ, поголем број дебарчани патуваат надвор од земјата, најчесто во посета на свои роднини, но има и млади кои се обидуваат да дојдат до работни места, особено во Италија. Но, треба да се нагласи дека последните две недели се забележува и масовна појава на патување во Белгија, особено на ромската популација. Над 150 Роми заминаа за Белгија, а голем е бројот на оние кои се подготвуваат тоа да го сторат деновиве, со цел, како што велат, да добијат азил.
,,Како Невладина организација на ромите, стварно сме многу загрижени за состојбата со патувањата на ромите од нашиот град. Поголем број наши роми патуваат во Белгија за да добијат азил. Треба да се нагласи дека има и одреден број на ученици кои веќе не се во училишните клупи."
вели претставникот на невладината организација на ромите во Дебар Илми Куртиши.
,,Ние имаме родовни контакти со нашето население и притоа им укажуваме да не подлегнуваат на овие измами бидејќи е тешко да се добие политички азил,,
додава Куртиши. 37 годишниот Лавдерим Асани вели дека Ромите од Дебар се обидуваат да обезбедат подобар живот, бидејќи нивната социјална состојба е многу тешка.
,,Имам мои другари кои заминаа таму и мислам дека е добро таму. Планирам и јас да заминам од тука бидејќи не сум на работа, примаме многу мала социјална помош. Ние имаме информации дека можно е да не вратат назад, но мораме да патуваме бидејќи ,,големите,, кои се на власт не преземаат мерки за сиромаштијата. Тие гледаат само за себе. Моето семејство го сочинуваат 5 членови. Овде не работам ништо и живеам со 2000 денари социјално,,.
Информациите говорат дека има и случаи кога сиромашните роми го продаваат својот скромен недвижен имот за да патуваат во Белгија. Семејството Абдиу деновиве ја продаде и својата куќа.
,,Овде нема работа, извадивме и пасоши и деновиве ќе патуваме азиланти, но не сме сигурни дали ќе не примат. Ние слушаме дека можно е да не вратат, но ќе се обидеме. Ние ја продадовме куќата, потоа пералната и други работи кои ги имавме дома,,.
Истакнува членот на семејството Абдиу, Едуард. И покрај фактот што надлежните институции во нашава земја укажуваат дека ќе бидат вратени од Белгија сите оние кои бараат азил, сепак припадниците на оваа етничка заедница од Дебар кои имаат свои роднини во Луксембург, потоа Холандија, па и Белгија, а кои таму живеат со години наназад, очигледно ќе продолжат да патуваат, бидејќи има и наивни сугерирања од нивните роднини од Белгија.
Како Невладина организација на ромите, стварно сме многу загрижени за состојбата со патувањата на ромите од нашиот град. Поголем број наши роми патуваат во Белгија за да добијат азил
,,Како Невладина организација на ромите, стварно сме многу загрижени за состојбата со патувањата на ромите од нашиот град. Поголем број наши роми патуваат во Белгија за да добијат азил. Треба да се нагласи дека има и одреден број на ученици кои веќе не се во училишните клупи."
вели претставникот на невладината организација на ромите во Дебар Илми Куртиши.
,,Ние имаме родовни контакти со нашето население и притоа им укажуваме да не подлегнуваат на овие измами бидејќи е тешко да се добие политички азил,,
додава Куртиши. 37 годишниот Лавдерим Асани вели дека Ромите од Дебар се обидуваат да обезбедат подобар живот, бидејќи нивната социјална состојба е многу тешка.
Ние имаме информации дека можно е да не вратат назад, но мораме да патуваме бидејќи ,,големите,, кои се на власт не преземаат мерки за сиромаштијата
,,Имам мои другари кои заминаа таму и мислам дека е добро таму. Планирам и јас да заминам од тука бидејќи не сум на работа, примаме многу мала социјална помош. Ние имаме информации дека можно е да не вратат назад, но мораме да патуваме бидејќи ,,големите,, кои се на власт не преземаат мерки за сиромаштијата. Тие гледаат само за себе. Моето семејство го сочинуваат 5 членови. Овде не работам ништо и живеам со 2000 денари социјално,,.
Информациите говорат дека има и случаи кога сиромашните роми го продаваат својот скромен недвижен имот за да патуваат во Белгија. Семејството Абдиу деновиве ја продаде и својата куќа.
Ние слушаме дека можно е да не вратат, но ќе се обидеме. Ние ја продадовме куќата, потоа пералната и други работи кои ги имавме дома