Атина и Скопје имаат различни погледи за решавање на прашањето за името, но верувам дека има основа врз која може да продолжиме да работиме, Ова го изјави посредникот на ОН Метју Нимиц по денешната средба во Атина со заменик-шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас, кој му го пренесол ставот на грчката влада
Посредникот во Македонско грчкиот спор Метју Нимиц денеска во Атина изјави дека се разговара и преговара за името на Државата, а дека другите прашања пројавени во текот на годините се споредни. Засега, не е познато кои ке бидат следните чекори на Нимиц.
Тој по денешната средба со заменик шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас изјави дека Атина и Скопје имаат различни погледи за решавање на прашањето за името, но истовремено изрази уверување дека има основа врз која може да продолжи процесот. Нимиц изјави дека Друцас го уверил оти Атина останува целосно посветена на решавање на проблемот преку заедничко прифатливо решение што ќе му го отвори патот на Скопје кон евроатлантските структури. Нимиц во Атина повтори дека името на државата е клучното прашање за кое се разговара, додека останатите прашања што излегоа во изминатиот период, се споредни. Портпаролот на грчкото МНР Грегори Делавекурас информираше дека на получасовната средба, станало збор за новиот пристап на грчката страна во однос на ова прашањето. ,,Позитивната порака што ја праќа Грција почнува да се разбира. Се надеваме дека позитивните промени ќе бидат пренесени и на преговарачката маса,, рече Делавекурас.
Македонските аналитичари гледаат позитивни сигнали
Во вчерашната куса пауза на оваа рунда преговори Скопје и Атина си разменија одредени пораки. Портпаролот на грчкото МНР рече дека македонскиот премиер одбегнува суштински преговори па во тој контекст ги користи идентитетските прашања. Македонскиотпремиер повтори пред Собранието и пред јавноста дека јасен став на Грција е негирањето на македонскиот идентитет и дека решението во овој момент зависи од Грција. Во ваквите настапи како и во изјавите на медијаторот во Скопје, дел од македонските експерти гледааат јасен сигнал дека двете страни се свесни оти до скоро решение мора да се дојде, па дури и дека последната рунда преговори е вовед во изнаоѓање некакво решение.
„Говорењето на Нимиц има два момента кои велат дека сме на прагот на решение. Едниот е, елементите се тука, треба да се состават и другиот е, сега е моментот да се реши прашањето.“
Изјави поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле.
Сега е моментот да се реши прашањето повторуваат и сите фактори во ЕУ, додава Чашуле, а според изјавите на европратениците што престојуваа во Македонија веќе има некаква солуција, па најверојатно топката е префрлена во Атина. Последните изјави што стасуваат оттаму се некаков обид да се избалансираат позициите, проценува Чашуле. Ова оттаму што, како што анализира професорот Мерсел Биљали, двете страни како да покажуваат свесност дека проблемот мора да има разрешница најбрзо што може, па оттаму и создаваат атмосфера која добива белег на напредок во разговорите.
„Ако се анализира добро изјавата на портпаролот на грчката влада ќе видиме дека тие ја дефокусираат јавноста во однос на тоа дека главниот проблем не е идентитетот, туку името, значи тие ја подготвуваат јавноста за решение на проблемот во однос исклучиво на името.“
Заеднички прифатливо решение за Скопје и за Атина ќе биде тешко да се постигне и во наредните неколку години, прогнозираат експертите, па единствената солуција која во моментов е можна според нив е раздвојување на преговорите од решавањето на разликите околу името за да се деблокира процесот на интегрирање на Балканот во Унијата. Она што е за очекување, додава Чашуле, е да се постигне некаков компромис кој е модификација на меѓународното име, а натамошните преговори да продолжат паралелно со преговорите на Македонија за членство во Унијата.
Тој по денешната средба со заменик шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас изјави дека Атина и Скопје имаат различни погледи за решавање на прашањето за името, но истовремено изрази уверување дека има основа врз која може да продолжи процесот. Нимиц изјави дека Друцас го уверил оти Атина останува целосно посветена на решавање на проблемот преку заедничко прифатливо решение што ќе му го отвори патот на Скопје кон евроатлантските структури. Нимиц во Атина повтори дека името на државата е клучното прашање за кое се разговара, додека останатите прашања што излегоа во изминатиот период, се споредни. Портпаролот на грчкото МНР Грегори Делавекурас информираше дека на получасовната средба, станало збор за новиот пристап на грчката страна во однос на ова прашањето. ,,Позитивната порака што ја праќа Грција почнува да се разбира. Се надеваме дека позитивните промени ќе бидат пренесени и на преговарачката маса,, рече Делавекурас.
Македонските аналитичари гледаат позитивни сигнали
Во вчерашната куса пауза на оваа рунда преговори Скопје и Атина си разменија одредени пораки. Портпаролот на грчкото МНР рече дека македонскиот премиер одбегнува суштински преговори па во тој контекст ги користи идентитетските прашања. Македонскиот
Говорењето на Нимиц има два момента кои велат дека сме на прагот на решение. Едниот е, елементите се тука, треба да се состават и другиот е, сега е моментот да се реши прашањето.
„Говорењето на Нимиц има два момента кои велат дека сме на прагот на решение. Едниот е, елементите се тука, треба да се состават и другиот е, сега е моментот да се реши прашањето.“
Изјави поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле.
Сега е моментот да се реши прашањето повторуваат и сите фактори во ЕУ, додава Чашуле, а според изјавите на европра
Ако се анализира добро изјавата на портпаролот на грчката влада ќе видиме дека тие ја дефокусираат јавноста во однос на тоа дека главниот проблем не е идентитетот, туку името, значи тие ја подготвуваат јавноста за решение на проблемот во однос исклучиво на името