Грција покажа дека сака решение, но Скопје ги блокира напорите за надминување на билатералниот спор за името.Ова денеска го изјави портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи, Григoрис Делавекурас во пресрет на утрешната посета на медијаторот Метју Нимиц на Атина. Тој додаде дека македонската Влада е во можност, ако сака да дојде до решение но како што вели тој Скопје одбива да преговара за суштината на проблемот.Тој истакна дека Грција очекува на утрешната средба на Нимиц со грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Друцас во Атина, да ги чуе резултатите од неговата последна посета на Македонија и да му ги изнесе своите погледи за спорот.