По неколкугодишна пауза, последниве недели повторно се актуелизира идејата за формирање регионална фудбалска лига, а во игра се две варијанти. Според првата, меѓусебе би се натпреварувале клубовите од екс југословенските републики, а втората предвидува Балканска лига, односно приклучување и на екипи од Романија, Бугарија, Грција и Турција.
Преку дополнителни консултации ќе се бара подоброто решение, но кога е во прашање мак фудбалот, општо е мислењето дека од секоја варијанта ќе имаме огромна корист:
„Македонските екипи, кога би учествувале во таа лига би имале многу посилни натпревари. Едноставно, љубителите на фудбалот би биле многу позадоволни, затоа што во Македонија би дошле екипи како Црвена Ѕвезда, Партизан, Динамо, Хајдук, можеби Динамо Букурешт или Стеауа, потоа Железничар Сараево, така што мислам дека тоа би претставувало голем напредок пред се за македонскиот фудбал.“
Изјави тренерот на Работнички, Зоран Стратев. Со неговото мислење се согласува и поранешниотрепрезентативец на Југославија и фудбалер на Вардар и сплитски Хајдук, Драги Сетинов. Сепак, тој не верува дека во блиска иднина може да дојде до реализација на оваа идеја. Причина – нетрпеливоста меѓу Србите, Хрватите и Босанците поради долгогодишните меѓусебни војни.
„Читајќи на Интернет, најавите на Торцида и Бед Блу Бојс, мислам дека нема шанси да се случи. Ќе се отворан нови жаришта, каде што ќе има проблеми. Знам дека се натпреваруваат кошаркарите, но тоа е нешто друго. Тоа е веќе ситуација, каде што не смееме да си дозволиме, мора да поминат две три генерации, војната е свежа и мислам дека треба уште барем толку да помине, за работите да се стабилизираат.“
рече Сетинов. За овој проблем е свесен и Стратев. Но, за него, токму кошаркарската Јадранска лига е доказ декаквалитетниот спорт може да ги потисне тензиите и нетрпеливоста меѓу одредени народи.
„Навивачите секако дека се тие кои може да го закочат овој проект, меѓутоа има еден позитивен пример со Јадранската лига во кошарка каде што тие проблеми се надминаа и тоа може да функционира. Можеби би требало малку подолг период за тоа да профункционира онака како што треба, и сигурно на почетокот би се појавиле некои проблеми околу организација на натпреварите, но кога ќе се види дека тоа се квалитетни натпревари, посетени од голем број навивачи мислам дека би функционирало одлично.“
Инаку, на формирањето регионални лиги не се спротивставува ниту УЕФА, од каде што велат дека би поддржале секакво натпреварување кое би било за доброто на фудбалот.
Македонските екипи, кога би учествувале во таа лига би имале многу посилни натпревари
„Македонските екипи, кога би учествувале во таа лига би имале многу посилни натпревари. Едноставно, љубителите на фудбалот би биле многу позадоволни, затоа што во Македонија би дошле екипи како Црвена Ѕвезда, Партизан, Динамо, Хајдук, можеби Динамо Букурешт или Стеауа, потоа Железничар Сараево, така што мислам дека тоа би претставувало голем напредок пред се за македонскиот фудбал.“
Изјави тренерот на Работнички, Зоран Стратев. Со неговото мислење се согласува и поранешниот
Читајќи на Интернет, најавите на Торцида и Бед Блу Бојс, мислам дека нема шанси да се случи. Ќе се отворан нови жаришта, каде што ќе има проблеми
„Читајќи на Интернет, најавите на Торцида и Бед Блу Бојс, мислам дека нема шанси да се случи. Ќе се отворан нови жаришта, каде што ќе има проблеми. Знам дека се натпреваруваат кошаркарите, но тоа е нешто друго. Тоа е веќе ситуација, каде што не смееме да си дозволиме, мора да поминат две три генерации, војната е свежа и мислам дека треба уште барем толку да помине, за работите да се стабилизираат.“
рече Сетинов. За овој проблем е свесен и Стратев. Но, за него, токму кошаркарската Јадранска лига е доказ дека
Навивачите секако дека се тие кои може да го закочат овој проект, меѓутоа има еден позитивен пример со Јадранската лига во кошарка каде што тие проблеми се надминаа и тоа може да функционира.