Авганистан бара екстрадикција на талибанците уапсени во Пакистан

Авганистанската влада соопшти дека побарала екстрадикција на талибанскиот командант, кој бил уапсен во минатиот месец во Пакистан. Двете влади постигнале начелна согласност за екстрадикцијата на Мула Абдул Гани Барадар, како и за уште 42-ца талибанци, кои се уапсени во Пакистан.