Секретаријатот за имплементација на Рамковниот Договор презентираше проект чија цел ќе биде подобрување на меѓуетничките односи во Македонија. Програмата ќе трае две и пол години, а ќе се рализира и во соработка со УНДП, УНИЦЕФ, УНЕСКО и шпанската Влада.
Подобрување на меѓуетничките односи и соработка меѓу заедниците е целта на програмата која ја презентираше Секретеријатот за имплементација на Охридскиот Договор во соработка со три агенции на Обединетите Нации -УНДП, УНИЦЕФ и УНЕСКО и со поддршка од шпанската влада. Основната цел на програмата е зајакнување на дијалогот меѓу заедниците за остварување на општество засновано на мир и доверба кое ги вреднува и промовира своите различности. Активностите ќе бидат фокусирани во Кичево, Куманово и Струга. Одржувањето и градењето на позитивни меѓуетнички односи се од клучна важност за развојот на Македонија, како идна земја членка на Европската унија вели постојаниот координатор на Обединетите нации Диадра Бојд.
,,Ова е амбициозна програма која ќе трае во наредните две ипол години, некои активности за нејзиното остварување се веќе почнати. Се надеваме дека преку неа ќе допринесеме да се зголеми довербата меѓу заедниците во земјата и со тоа ќе создадеме сигурно и мирно општество за сегашните и наредните генерации."
Заменикот министер за надворешни работи, Зоран Петров вели дека проектот има три главни цели кои ќе треба да се реализираат во наредните години, а тоа се унапредување на македонските капацитет на локално и национално ниво за меѓуетничка соработка, јакнење на дијалогот и размена на различни културни вредности.
,,Поаѓајќи од фактот дека Македонија изобилува со различни форми на културни изразувања, природно е да ги поддржува иницијативите со кои се промовира и унапредува култураната разнолокост и дијалогот. Тоа го гледаме како културолошки и социолошки инструмент што го помага меѓусебното разбирање."
Фондот за остварување на милениумски развојни цели, кој беше основан со поддршка од шпанската влада издвои 4 милиони долари за проектот.
,,Шпанија има јасна заложба во негувањето на меѓукултурните односи со цел да се развиваат подржуваат и нагласуваат проекти кои промовираат разбирање и помирување на културите глобално."
Вели шпанскиот амбасадор во Македонија, Гарсија Де Лара. Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски вели дека ваков проект бил потребен особено по неодамнешните меѓуетнички тензии во земјата.
,,Вистинско време е овој проект да биде имплементиран, бидејќи Куманово е специфично според етничкиот состав и е многу битно што овој проект е во фаза кога лансираат едни тензични состојби во меѓуетничките односи. Сметам дека овој проект ќе ги избалансира тие состојби."
Во проектот ќе бидат вклучени и министерството за образование и наука, министерството за култура и локална самоуправа, како и ЗЕЛС.
Се надеваме дека преку неа ќе допринесеме да се зголеми довербата меѓу заедниците во земјата и со тоа ќе создадеме сигурно и мирно општество за сегашните и наредните генерации
,,Ова е амбициозна програма која ќе трае во наредните две ипол години, некои активности за нејзиното остварување се веќе почнати. Се надеваме дека преку неа ќе допринесеме да се зголеми довербата меѓу заедниците во земјата и со тоа ќе создадеме сигурно и мирно општество за сегашните и наредните генерации."
Заменикот министер за надворешни работи, Зоран Петров вели дека проектот има три главни цели кои ќе треба да се реализираат во наредните години, а тоа се унапредување на македонските капацитет на локално и национално ниво за меѓуетничка соработка, јакнење на дијалогот и размена на различни културни вредности.
,,Поаѓајќи од фактот дека Македонија изобилува со различни форми на културни изразувања, природно е да ги поддржува иницијативите со кои се промовира и унапредува култураната разнолокост и дијалогот. Тоа го гледаме како културолошки и социолошки инструмент што го помага меѓусебното разбирање."
Вистинско време е овој проект да биде имплементиран, бидејќи Куманово е специфично според етничкиот состав и е многу битно што овој проект е во фаза кога лансираат едни тензични состојби во меѓуетничките односи