Експлозија во авганистанската провинција Хелманд - 7 загинати

Најмалку 7 лица загинале, а над 10 се ранети при експлозија на бомба во главниот град на авганистанската јужна провинција Хелманд Лашкар Гах. Според локални извори, сите загинати се цивили. Денеска, инаку е 11-ти ден од офанзивата на силите на силите на НАТО, САД и авганистанската војска против талибански милитанти во Хелманд.