Кандидат на парламентарните избори во Ирак, Емад Јакоу денеска изјави дека христијаните секојневно се мета на политичкото насилство во земјата. Јакоу додаде дека ова прашање наидува на молк од Владата. Тој истакна дека Мосул е само едно од местата каде што се случуваат политичките насилни препукувања меѓу арапските и курдските Ирачани.