Дејановиќ:Нема да има предвремени избори во Србија

Претседателката на Собрание и лидер на Социјалистичката партија на Србија, Славица Ѓукиќ- Дејановиќ изјави денеска дека во Србија нема да има предвремени избори се додека постои сегашното владеачко мнозинство.Таа додаде дека Српската партија за напредок може да собере и два милиона потписи за нивната петиција за предвремени избори но тоа не значи ништо додека во Србија владее стабилно мнозинство во Парламентот.