Американскиот генерал, кој ги надгледува војните во Авганистан и Ирак, Давид Петраус во интервју за американска телевизија изјавил дека борбите со талибанците во авганистанскиот Марџах се „отворена битка во долга кампања“ која може да трае од 12 до 18 месеци. Петраус вели дека нема точна проценка колку долго ќе трае операцијата Муштарак во јужниот авганистански град, но истакна дека американските сили ќе го напуштат местото кога непријателот ќе биде „ отстранет“.