Тимошенко го повлекува барањето за поништување на изборите

Украинската премиерка Јулија Тимошенко изјави дека го повлекува барањето за поништување на резултатите според кои на претседателските избори одржани во почетокот на февруари, победи нејзиниот ривал Виктор Јанукович. Таа изјави дека тоа го сторила, бидејќи не била во можност да ги одбрани своите права. ,,Се соочив со истиот проблем со кој се соочуваат нашите граѓани, а тоа е неможноста правата да се бранат на суд,, изјави Тимошенко. Претходно, Врховниот Суд поради нејзиното барање, донесе одлука за суспендирање на изборните резулати се додека не се произнесе по тужбата на Тимошенко. Парламентот веќе ја закажа инаугурацијата на новиот претседател за 25 овој месец.