Она што можам во моментов да го кажам е дека треба да очекуваме во наредниот период дека нашите припадници ќе бидат изложени на еден повисок ризик, заради природата на задачите кои ќе ги извршуваат. Во изминатиот период, благодарејќи на добрата обука на припадниците на АРМ, но и на сплет на многу други околности, за среќа, ние немавме загуби во мисиите во Ирак и Авганистан и се надевам дека така ќе остане и во наредниот период.
Кои се новите задачи на нашите војници во Авганистан и дали се зголемуваат безбедносните ризици?
Овој процес на подготовка на новиот контингент за упатување во Авганистан трае веќе подолго време. Како дел од вкупните подготовки на единиците за учество во мисии предводени од НАТО. Заради ново настанатата состојба во Авганистан и потребата за зголемување на капацитетите на авганистанските безбедносни сили беше потребно да се промени и мисијата во Авганистан, значи првенствено фокусот ќе биде обука и тренинг на припадниците на Авганистанската Национална Армија, меѓутоа во исто време припадниците на АРМ ќе учествуваат во заеднички акции со Авганистанската Национална Армија и припадниците на вооружените сили на САД. Ситуацијата во Авганистан е комплексна, сериозна, се зголемуваат безбедносните ризици, од причини што се интензивираат и активностите на Талбиланците во зависност од тоа каква е и состојбата на теренот. Она што можам во моментов да го кажам е дека треба да очекуваме во наредниот период дека нашите припадници ќе бидат изложени на еден повисок ризик, заради природата на задачите кои ќе ги извршуваат. Во изминатиот период, благодарејќи на добрата обука на припадниците на АРМ, но и на сплет на многу други околности, за среќа, ние немавме загуби во мисиите во Ирак и Авганистан и се надевам дека така ќе остане и во наредниот период.
Во кои области имаме соработка со Националната гарда на Вермонт и што покажуваат искуствата?
Годинава се навршуваат 15 години од потпишувањето на меморандумот за соработка помеѓу државата Вермонт и Националната Гарда на Вермонт од една страна и АРМ од друга страна. Во изминатите 15 години спроведени се неколку стотина активности, преку одржување семинари, вежби, размена на искуства, посета на различни тимови од составот на Армијата и Националната Гарда. И во таа соработка повеќе од четири илјади припадници на АРМ, но не само од АРМ туку и од другите сегменти во Република Македонија учествувале во тие активности. Кои се искуствата? Зборуваме за различни армии, за армии со различни стандарди, различна традиција итн. Во изградбата на една нова армија секако од големо значење е и тоа какви искуства се разменуваат во тој процес на достигнување на одредено ниво на интер оперативност и примена на одредени стандарди. За нас тоа е примарна цел заради нашето не само декларирање, туку и заложба да бидеме дел од НАТО и ЕУ.
Колку намалениот буџет на АРМ влијае врз извршувањето на редовните обврски и модернизацијата на АРМ?
Кога се зборува за парите и Буџетот треба да се има предвид дека се работи за чувствително прашање, посебно кога се работи за финансиската поддршка на АРМ како една специфична институција со посебни надлежности во нашето општество. Во планирачкиот процес секогаш се искажуваат желби, значи што е она што ние би сакале да го имаме во една идеална ситуација за да обезбедиме и АРМ да биде во подобра позиција да ги изврши своите мисии и задачи. Но, во реалниот живот состојбата е поинаква, желбите се една работа, можностите друга. Посебно ако се земе во каков момент живееме, каква е економската состојба и како таа се одразува врз целокупниот живот во Република Македонија. АРМ и сите припадници сигурно не се нешто исклучително што останува на страна во однос на општеството во Република Македонија. Ние секако ќе се потрудиме и очекувам годинава во рамките на она што ни е дадено со Законот за буџет, дека ќе успееме да ги изменаџираме основните процеси, да ги спроведеме неопходните активности, да го одржуваме потребното ниво, кое обезбедува исполнување на обврските, не само тука во Република Македонија, туку и надвор со нашето учество во мисиите.
Со оглед на економската ситуација колку може да се очекува да се работи на подобрување на опременоста на АРМ, а подобрувањето на животниот стандард на војниците, вклучително и изградба на станови?
Таква можност секогаш постои. Зависи од приоритетите определени од државата. Но, не треба да заборавиме дека сеуште ништо не е променето во однос на нашите заложби за членство во ЕУ и НАТО. Тоа значи и преземање одредени обврски, за да се исполнат тие обврски треба да имате и спремни и способни институции кои целиот тој процес ќе го водат кон посакуваната цел. Јас се надевам дека со подобрување на економската состојба ќе се подобрат и условите за финансирање на АРМ. Со самото тоа ќе се исполнат и одредени претпоставки поврзани со опремувањето и модернизацијата на АРМ. Во денешни услови на војување, човечкиот фактор секако е на прво место кога зборуваме за неговото влијание во извршувањето на задачите, но не треба да се занемари и опремувањето со современа и модерна опрема. Се надевам дека она што сме го прифатиле как ообврска, она што е наша желба, а пред се да обезбедиме на припадниците на АРМ неопходни услови да може да ги извршат своите задачи, дека во наредниот период ќе добиеме повеќе пари, просто кажано.
До каде е решавањето на проблемот на пензионирањето на професионалните војници?
За време на спроведеното информирање во гарнизоните на АРМ во изминатите 15 дена професионалните војници се информирани повторно за тоа кои се нивните права и обврски што е регулирано со законот за одбрана, законот за служба и пред се во договорите што тие ги потпишаа за засновање работен однос. Јас имам разбирање за нивниот интерес и потреба да се реши нивниот статус, но во овој момент, согласно прописите, состојбата е таква да тие по навршувањето 38 години треба да заминат од АРМ. Во новите одредби ќе бидат понудени нови решенија за кои ќе ни треба малку повеќе време да ги елаборираме, но во овој момент ситуацијата е многу јасна кога се работи за идниот статус на професионалните војници по нивното заминување од АРМ. Ние секако заедно со стручните служби од Министерството за одбрана ќе работиме на тоа да изнајдеме одредени решенија кои ќе бидат од интерес за професионалните војници.
Како ја оценувате внатрешната безбедносна ситуација, со оглед на состојбите на Балканот во контекст на Косово и БИХ?
Постојат други служби во Република Македонија кои се поповикани од мене да дадат оценка за безбедносната состојба, меѓутоа, независно од тоа, согласно нашите надлежности во рамките на АРМ стручните служби вршат одредени проценки кои пред се се насочени кон заштитата на единиците на АРМ. Секако дека постои соработка меѓу стручните служби во она што значи размена на информации и следење на состојбите. Согласно надлежностите АРМ во пропишаните процедури за давање на асистенција на други институции во Република Македонија е подготвена да даде асистенција во случај кога тоа ќе биде потребно. Кога зборуваме пошироко за Балканот состојбата може да се каже дека е стабилна, меѓутоа со одредени состојби во одредени држави кои сеуште не се до крај дефинирани. Дали состојбата безбедносна во БИХ или Косово ќе има некакво влијание на состојбата во Република Македонија тоа е секако предмет на одредени проценки, но она што е поважно е колку ние како општество, како систем, сме подготвени да се справиме со предизвици кои ќе настанат како резултат на тие состојби. Во моментов, она што можам да го кажам е дека состојбите во АРМ се такви да обезбедуваат нормално и успешно извршување на задачите и како што кажав ние пред се сме фокусирани за заштита на припадниците и единиците на АРМ.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5