Талер: Македонско-грчкиот спор не е веќе билатерален

Македонија мора да го искористи кусиот период од неколку месеци да го реши спорот за името со Грција, порачаа европратениците. Специјалниот известувач за Македонија од Европската унија, Зоран Талер вели дека ова веќе не е билатерален спор и дека ова ја засега стабилност на целиот регион. Тој посочи дека сега е неопходен цврст консензус по ова прашање од стите партии, институции и граѓански здруженија.