Грчкиот премиер Јоргос Папандреу синоќа во Атина изјави дека неговата земја има потреба од политичката поддршка на Европската унија, а не и од финансиска помош. ,,Не сакаме пари од други. Не сакаме пари од германските, италијанските, француските или други даночни обврзници. Ние сакаме време, кое ни е потребно, за да ја реализираме нашата програма, која ќе ја врати довербата во нас и можноста да земеме кредити во нормални услови, изјави Папандреу кој ја информираше грчката влада за остварените средби во Париз и Брисел во врска со програма за економска стабилизација на Грција.