Казахстан стана член на безбедносна организација подржана од Русија

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбајев го ратификуваше договорот со Организацијата за колективни безбедносни прашања формирана од поранешните советски народи. Според договорот, Казахстан ќе работи под покровителство на руската безбедносна организација подржана од Русија, во која членуваат Ерменија, Белорусија, Киргистан, Узбекистан и Таџикистан. Асошиејтед прес јавува дека Узбекистан е единствениот член на организацијата што не ја потпишал спогодбата.