Украинската изборна комисија ја одби жалбата на Тимошенко

Украинската изборна комисија ја одби жалбата на премиерката Јулија Тимошенко за крадење на гласови на претседателските избори. Според прелиминарните резултати, на изборите победи лидерот на опозицијата, Виктор Јанукович со освоени 3,5 проценти повеќе гласови од својата ривалка. Изборната комисија соопштила дека во текот на денов ќе излезе со конечните резултати од изборите.