Иран започна со првото истражувачко дупчење за нафта во Каспиското море, јавува иранската државна телевизија. Шефот на иранската компанија која го прави ископувањето соопшти дека овој процес е започнат пред една недела и се одвива на 1550 метри под морското дно. Со него треба се истражат количините на нафта во иранскиот дел од морето. Соседните земји го сметаат ваквиот потег за притисок, со цел Иран да искористи што е можно повеќе од природните ресурси на морето. Делови од Каспиското море се спорни, односно спорна е поделбата на подморската област меѓу Азербеџан и Иран.