Српската православна црква денеска го разреши Владиката Артемие поради сомнение дека проневерил црковни и државни пари.Оваа одлука ја донесе Синодот по денешниот состанок и ќе важи до конечното утврдување на неговата канонска и кривична одговорност. Архиепископот Артемие е осомничен дека за време на управувањето на Рашко – Призренската Епархија проневерел неколку милиони евра, црковни и владини пари.