Грчкиот премиер Јоргос Папандреу денеска ги критикувал органите на ЕУ за нерешителните активности, но ветил непоколебливо намалување на буџетскиот дефицит на земјата. На денешната владина седница, како што јавуваат агенцијата МИА, Папандреу ја критикувал и криминалната политика на претходната влада на партијата Нова демократија.