Босанскиот главен обвинител Милорад Барашанин изјави денеска дека властите ја истражуваат финансиска поддршка за седумте лица уапсени во рацијата извршена во почетокот на месецов во село Горна Маоча. Ова село се смета за центарот на исламистичките вахабисти во Босна. Во рацијата беа запленети 17 пиштоли и десетина ловечки пушки.