Бугарија и САД на разговори за штитот?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов најави денеска дека Софија и Вашингтон наскоро ќе ги почнат разговорите за разместување на дел од американскиот ракетен штит на територијата на Бугарија. На прес конференција во Софија Борисов изјави дека одлуката дали ќе биде прифатен американскиот предлог Бугарија ќе ја донесе во координација со Европската комисија. ,,Мислам дека треба да покажеме солидарност. Кога сте членка на НАТО мора да работите на заедничката безбедност,, изјави Борисов.