Европскиот Парламент го одби договорот на САД за споделување на банкарски податоци

Европскиот Парламент го одби барањето на Соединетите Американски Држави за споделување на банкарски податоци поврзани со антитерористички истраги. Девет месечниот договор требаше да стартува привремено од овој месец, но дел од европратениците го оспоруваа затоа што сметаат дека ја нарушува приватноста на европските граѓани. Соединетите Држави сметаат дека информациите за паричните трансфери се од витално значење за откривање на терористи.