Иран забрани странски медиуми во земјата да известуваат за утрешните настани

Иран им забрани на странските медиуми да известуваат за утрешното одбележување на 31та годишнина од Исламската револуција. Забраната доаѓа по најавените опозициски планови за антивладини протести, јавуваа агенциите.Иранските власти предупредија дека ќе прземат остри мерки против демонстарнтите .Полицијата досега уапсила неколку активисти на опозицијата за кои се сомнева дека ќе предизивуваат немири утре.