Кинескиот врховен суд побара од судиите да го ограничат изрекувањето на смртни казни само на обвинетите за најсериозни кривични дела. Според државната агенција Ксинхуа, судот издал препораки за воздржување од најстрогите казни. Во Кина, за над 60 кривични дела е можно изрекување смртна казна, меѓу кои и за трговија со дрога, измама и поткуп.