Тимошенко не го признава поразот

Украинската премиерка и кандидатка за шеф на државата Јулија Тимошенко одбива да ја признае изборната победата на опозициониот лидер Виктор Јанукович, пренесуваат украинските и руските весници. Се прецизира дека Тимошенко им соопштила на своите сопартијци дека никогаш нема да го признае легитимитетот на изборите и оти ќе вложела жалба за резултатот. Врз основа на сите пребројани гласови, Јанукович има предност од околу 3 проценти. Меѓународните посматрачи оценија дека изборите биле слободни и правични.