Средба на Милошовски и Мета.

Односите меѓу Македонија и Албанија се добри но потребно е да се работи на продлабочување на економската сфера и на клучните проекти како Коридор 8 и разменување на искуства за евроинтеграциските процеси. Ова денеска го заклучија министрите за надворешни работи , Антонио Милошовски и Илир Мета по нивната средба во Тирана.