Кога моментот ќе биде погоден?

Ке има ли уште една средба Груевски - Папандреу

Македонскиот државен врв најавува дека ќе продолжи со иницијативите кои би воделе до решавање на спорот со името и покрај, како што велат, негативните сигнали од Грција. Во таа насока се најавува и средбата на претседателот Иванов со американскиот заменик државен секретар Стајнберг во Минхен.
МНР најавуава продолжување со иницијативите што ќе водат до решавање на спорот со името со Грција и покрај, како што велат од МНР, негативните сигнали од Грција. Во таа насока се најавува и средбата на претседателот Иванов со заменик државниот секретар на САД Стајнберг.

Сеуште нема коментар на одговорот што пристигна од кабинетот на грчкиот премиер Папандреу на телефонската покана од македонскиот премиер Груевски за заедничка средба. Извори од МНР сепак велат дека грчката страна не покажува многу позитивни сигнали кога се макеоднските иницијативи во прашање.

Нема позитивни сигнали од Грција за македонските иницијативи


Како пример се наведуваат последните четири иницијативи кои ги покрена Македонскиот шеф на дипломатијата Антонио Милошоски на последната средба со Друцас во Лондон, меѓу кои, иницијативите за подигнување на нивото на дипломатксите претставништва како и иницијативата за средба Милошоски Друцас во Скопје или во Атина. Одговорите засега пристигнуваат во форма ова не е најпогоден момент или потребни се подолги подготовки. Македонскиот државен врв најавува дека ќе продолжи со иницијативи кои би воделе кон решавање на прашањето за името.

Во Минхен средба Иванов - Стајнберг

Во тој контекст за утре во Минхен се најавува средба на македонскиот претседател Ѓорге Иванов со заменикот на државната секретарка Хилари Клинтон, Џејмс Стајнберг.

Грција останува на своите позиции

Оваа средба која следи по средбата Друцас - Стајнберг во САД ќе биде искористена за да се отвори прашањето од најголем интерес спорот за името, велат од кабинетот на претседателот, исто како што за таква можност се гледа и минхенската безбедносна конференција на која е најавено присуство на значајни високи претставници од американската администрација, претставници од Европа и од Русија. Како што беше пренесено од алтернативниот шеф на дипломатијата Димитрис Друцас, името било главна тема и на средбата со генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун. При тоа повторил дека Атина останува на позицијата за име со географска одредница за севкупна употреба како решение за спорот. Грција сака да се реши спорот но чекаме и од Скопје да покаже иста конструктивност во разговорите што се водат со посредство на ООН изјави Друцас по средбата.

Ќе донесе ли нешто ново следната рунда преговори под медијатоство на Нимиц?

Евроамбасадорот во Скопје Ерван Фуере неодамна апелираше уште еднаш да се интензивираат директните средби и да се дојде до решение за името. Како што е познато, наредново шестмесечје е најавено повторно отворање на прашањето за доделување датум за преговори во Советот на минситрите кога ќе се проверуи до каде е статснао со спшорот за името. Шнаскиот минситер за надворешни работи изјави пред два дена дека шпанското претседателство ќе настојува во најголема можна мера да се унапредат преговорите со Македонија веднаш штом ќе биде решено прашањето з аимето за што сме оптимисти, изјави Моратинос. Наредната рунда преговори со посредтво на медијаторот Нимиц е најавена за крајот на февруари. Нема многу надежи дека таа ќе донесе голем пресврт во процесот.