Прличеви беседи во Охрид

Со најстарата шестедецинска културна манифестација кај нас Прличеви беседи, и годинава во Охрид ќе се чествува нашиот најголемиот преродбеник од 19 век, поетот ловороносец Григор Прличев.
Меѓу повеќето содржини, изложби, полагање венци, свеченостите во основното училиште што го носи името на поетот, традиционалната Прличева визита во градската библиотека и беседите за венцоносецот во неговата родна куќа, по што ќе има и
Поемата е за оние феномени и настани што се случуваат, омразијата, полазијата, негацијата на вредностите и така натаму, не само на Македонски, туку и на светски план. Човекот денес се обесчовечува, се обезбожува, но сепак завршувам со една оптимистичка теза дека ќе дојде новото време и новот човек, кое ќе биде благословено од Творецот, од Создателот, од дрвото на животот
панихида на неговиот гроб, централно место има претставувањето на авторот и доделувањето на наградата Григор Прличев, што за најдобра поема во 2009 ја доби Михаил Ренџов за поемата "Предвесница". Ренџов оваа награда ја доби и пред 17 години, кога Центарот за култура од Охрид го востанови конкурсот со издавачката куќа Детска радост на кој лани се пријавија дваесеттина автори со свои поеми.

„Поемата е за оние феномени и настани што се случуваат, омразијата, полазијата, негацијата на вредностите и така натаму, не само на Македонски, туку и на светски план. Човекот денес се обесчовечува, се обезбожува, но сепак завршувам со една оптимистичка теза дека ќе дојде новото време и новот човек, кое ќе биде благословено од Творецот, од Создателот, од дрвото на животот“

вели Ренџов, автор на над 20 книги поезија, според кого поемата е тежок книжевен род, кој бара голема креативност и енергија, посебно поради тоа што таа мора да има 914 стиха, еден стих повеќе од Прличевиот Сердар, но токму наградата Григор Прличев ги поттикнува нашите творци да ја негуваат поемата. На 150 годишнината од овенчувањето на Прличев со наградата за најдобра поема во Атина, и 117 години од неговата смрт, сеуште се актуелни напорите на поетот за докажување на Македонскиот идентитет,низ неговото творештво и спротивставувањето на тогашното укинување на Охридската архиепископија.

„Тогаш ни била на времето оспорувана црквата, а преку неа и народот. Еве сега повторно ни се оспоруваат и државата и името и борбата на Григор Прличев сеуште е актуелна. Но зачудува како проблемите кои датираат пред два века уште не се надминати и сеуште имаме одредени проблеми од 19 век. Зачудува колку е актуелен Прличев и ден денес“

вели Драгана Боцевска, директор на Центарот за култура Григор Прличев, што како и Општина Охрид и Министерството за култура ги организираат свеченостите со кои на петти и шести февруари во Охрид се одбележува Прличевото име и дело.