Грчките фармери денеска ќе решат дали повторно ќе протестираат, по неуспешните преговори со министерот за земјоделство, Катерина Баѕали. Таа на фармерите им предложи мерки со кои ќе бидат ослободени од краткорочните кредити и времено замрзнување на отплатата на другите заеми, како и милијарда евра помош за проблемите во земјоделството. Фармерите неколку недели протестираат со блокади на патиштата и приодите кон граничните премини со Македонија, Албанија и Бугарија.