Пет луѓе загиналe во американски напад во Пакистан

Во ракетен напад во северозападен Пакистан, најверојатно извршен од американските сили, загинале пет луѓе, јавуваат агенциите, цитирајќи пакистански разузнавачки извори. Соединетите држави од почетокот на годинава ги интензивираа ракетните напади во Северен Вазиристан, бидејќи се верува дека таму се наоѓаат засолништата на талибанските милитанти и приврзаниците на Ал Каеда. Пакистанската влада овие напади ги смета за нарушување на националниот суверенитет на земјата.