По подводното снимање, маркирање на локациите и нивно одбележување со сигнални бови на водната површина, поставени на околу 50 до 100 метри оддалеченост од езерскиот брег во строгиот центар на Охрид кај градското пристаниште, се е подготвено за почеток на акцијата за вадење на неексплодираните убојни средства што на дното на Охридското Езеро како потенцијално опасен експлозив лежат уште од Првата и Втората Светска Војна.
По подводното снимање, маркирање на локациите и нивно одбележување со сигнални бови на водната површина, поставени на околу 50 до 100 метри оддалеченост од езерскиот брег во строгиот центар на Охрид кај градското пристаниште, се е подготвено за почеток на акцијата за вадење на неексплодираните убојни средства што на дното на Охридското Езеро како потенцијално опасен експлозив лежат уште од Првата и Втората Светска Војна. Во акцијата што ја изведува Дирекцијата за заштита и спасување на Македонија, а ја финансира Американската влада со 160 илјади евра, е вклучен специјално обучен тим за подводно деминирање со нуркчи од Охрид, опремени со најсофистицирана опрема, донација од САД, кои ќе работат под специјално обезбедување и надзор на странски супервајзори.Акцијата за расчистување на Охридското Езеро ќе започне на просторот околу градското пристаниште, а во следниов месец ќе продолжи во Пештани и на уште две локации на Охридскиот и Струшкиот дел од крајбрежјето, каде има неексплодирани мини, бомби, минофрлачки гранати од најразличен калибар и други остатоци од експлозивни средства. Искусниот нуркачки тим во акцијата го предводи меѓународниот нуркачки инструктор од Охрид Милутин Секуловски-Мичо, кој во три децениското нуркачко искуство, има откриено многу интересни подводни локалитети со археолошки богатства, потонати бродчиња, но и старо оружје и сандаци со мини во Охридското Езеро.
-Пред пет години во Охридско Езеро лоциравме неколку места каде што постојат неексплодирани убојни средства и кои да не речам дека досега претставувале преголема опасност. Морам да подвлечам дека тие мини датираат од Првата светска војна, и досега за среќа немало никаков инцидент, но во секој случај не е пријатно тие да се гледаат, а посебно, бидејќи повеќето од нив се активни-живи минско-експлозивни средства,може да дојде и до несакани последици.
Вели Секуловски, учесник во акцијата за расчистување на Охридското Езеро од минско-експлозините средтва, кои стотина години лежат во плитките делови од крајбрежните туристички локалитети, каде се капат луѓето и пловат бродовите,чамците и скутерите, но во поново време немало инциденти предизвикани од минско-експлозивните средства кои по вадењето или ќе се деминираат, уништат или ќе се одложат и чуваат на безбедни места. Пред две и пол години слична акција, но од помал обем беше изведена во стариот дел од Охрид, каде нуркачите пронајдоа 150 стари пушки,кубури и остатоци од оружје во езерото од 18 и 19 век, фрлени по една акција за разоружување на локалното население по Илинденското востание.
-Јас мислам дека тоа оружје било фрлено од страна на властите во Охрид, веројатно бидејќи е старо. Требало да се носи на претопување, а тогаш во Охрид немало леарница и најверојатно затоа е фрлено во езерото на поширокиот простор од Сараиште до Канео на длабочина од седум до осум метри. Најинтересен меѓу подводните пронајдоци беше реткиот примерок нпушката "Дебранка" или "Далјанка", долга два и пол метри, која треба да се конзервира. Досега конзервиравме извесен број на кубури, и доколку се одобрат средства од министерството за култура, ќе продлжиме со конзервацијата.-
Вели историчарот од Охридскиот завод и музеј Никола Целакоски, кој го подготвува старото оружје од Османлиското време што сега е во музејското депо за изложување пред јавноста. Најновата акција за отстранување на неексплодираните убојни средства од Охридското Езеро, што е под покровителство на Меѓународниот заштитет фонд за деминирање и помош на жртви од мини треба да придонесе со расчистувањето на езерското дно од потенцијално опасните средства средства, тоа да е побезбедно за капење, рекреација, пловидба и други подводни активности.
Пред пет години лоциравме неколку места каде што постојат неексплодирани мини кои досега претставувале преголема опасност