Ќе се интегрира ли северно Косово?

Косовската влада деновиве објави план за интеграција на северно Косово и очекува меѓународна подршка во спроведувањето на тој план. На ваквата стратегија се спротиставуваат србите, кои се главно сконцентрирани во северниот дел на Косово, како и официјален Белград. Властите во Приштина нагласуваат дека не станува збор за примена на сила или ангажирање на полиција, туку за пружање услуги на граѓаните.

Заменик премиерот на Косово, Хајредин Кучи нагласува дека станува збор за документ кој има меѓународна подршка и дека целта е да се воспостави владеење на законот во северниот дел на Косово.

“Стратегијата ја составија Владата на Косово и Меѓународната цивилна канцеларија, додека во спроведувањето ќе учествуваат и канцеларијата на Европската Комисија, Еулекс и КФОР”.
Хајредин Кучи - косовски вице премиер


Но, планот со кој се предвидува и укинување на српските паралелни институции во тој дел на Косово, предизвика бурни реакции. Официјален Белград ја отфрли оваа стартегија како неприфатлива, а слично реагираа и претставници на косовските срби. Ненад Радосављевиќ српски политичар од Лепосавиќ смета дека ваквите стратегии на меѓународната заедница и на косовските власти доаѓаат поради непостоењето никаков план од Владата на Србија за решавање на проблемите на србите.

“Оваа стартегија има само еден позитивен аспект, а тоа е што предизвикува реакција од индиферентниот Белград, бидејки реагира само откако некој друг ќе превземе нешто”.

Радосављевиќ оценува дека планот на Приштина ќе пропадне, како и сите досегашни за интеграција на северниот дел на Косово, а и Белград и Приштина дејствуваат во согласност со дневните политички интереси.

“До сега имавме ситуација во која Белград упорно му објаснува на своето бирачко тело дека Косово е во составот на Србија, а од друга страна, Приштина постојано ветува интегрирање на целата територија”.

Косовскиот политички аналитичар Рамуш Тахири смета дека стратегијата на властите во Приштина има за цел да ја унапреди локалната власт во општините на северот, а не да го загрози тамошното население.


“Стратегијата се однесува на воспоставувањето локална власт и давање услуги на граѓаните. Не предвидува примена на сила или ангажирање на полиција. Во некоја наредна фаза, ќе биде можна соработка и со Србија, бидејки на ова може да се гледа и како на конкретизација на планот на Ахтисари”.

Инаку, американскиот амбасадор на Косово, Кристофер Дел, изјави дека Соединетите ДРжави во целост го подржуваат планот на косовската влада и на Меѓународната цивилна канцеларија, северот на Косово да биде интегриран во косовскиот правен систем.