Обама: САД имаат сигурна иднина

Американскиот претседател Барак Обама синоќа го одржа своето прво обраќање пред двата дома на Конгресот откако пред една година ја презеде функцијата. Во говорот познат како Состојба на нацијата тој нагласи дека и покрај економските и другите предизвици Америка има силна и сигурна иднина.
Претседателот Барак Обама, говорејќи за надворешно политичките предизвици се задржа на проблемот со иранската и со севернокрејската нуклеарна програма, при што изјави дека лидерите на овие земји ќе се соочат со поголеми последици доколку ги игнорираат меѓународните обврски.

,,Затоа Северна Кореја сега се соочува со зголемена изолација, и посилни санкции кои енергично се спроведуваат. Затоа меѓународната заедница е пообединета и Иран е повеќе изолиран. И доколку иранските лидери продолжат да ги игнорираат своите обврски , без сомневање: Тие ќе се соочат со растечки последици. Тоа е ветување.,,

Изјави Обама кој во врска со Авганистан предупреди дека во наредните денови таму ќе биде многу тешко, но и изрази уверување дека
Како кандидат, ветив дека ќе ја завршам оваа војна, а тоа е она што јас го правам како претседател. Сите наши борбени сили од Ирак ќе се вратат во Америка до крајот на август...
сојзниците предводени од Соединетите држави ќе успеат. Тој ги потврди плановите за распоредување на дополнителни илјадници американски трупи во таа земја и за проширување на обуката на авганистанските безбедносни сили, со цел тие да можат до јули идната година да ја преземат контрола на безбедноста со што ќе им дозволат на американските трупи да ја напуштат земјата.

Осврнувајќи се врз ситуацијата во Ирак, Обама оцени дека војната е при крај и оти сите американски борбени единици ќе бидат повлечени, како што е планирано. Тој исто така вети дека ќе продолжи да ја поддржува ирачката влада во одржувањето на претстојните избори и во промовирањето на мирот во регионот.

,,Како кандидат, ветив дека ќе ја завршам оваа војна, а тоа е она што јас го правам како претседател. Сите наши борбени сили од Ирак ќе се вратат во Америка до крајот на август.,,

Во врска со Ал Каеда, Обама рече дека лани, стотици борци и приврзаници на оваа терористичка мрежа биле заробени или убиени, што е многу повеќе отколку во претходната година. Обама, во успесите на неговата надворешна политика во минатата година го потенцира привршувањето на преговорите за разоружување со Русија и претстојниот априлски состанок во Вашингтон на кој 44 земји треба да се договорат за обезбедување на сите нуклеарни материјали со цел тие да не дојдат во рацете на терористите.

Сепак, поголемиот дел на говорот Обама, им го посвети на заздравувањето на американската економија и на реформата на здравствениот систем. И покрај оценките дека рецесијата во Соединетите држави е веќе минато, сепак невработеноста и натаму е висока, десет насто. Многумина американци го обвинуваат Обама дека лани трошел премногу енергија за војните во Ирак и во Авганистан и за реформата во здравствениот сектор.
Како резултат на чувството дека Обама не потрошил доволно време на економијата тој би можел да настрада политички. Затоа тој навистина сака да го сврти фокусот врз економијата..

Анкетите покажуваат дека Американците се поделени за тоа дали Обама прави добра или лоша работа. Тоа всушност е лоша вест за претседател кој првите неколку месеци во кабинетот ги мина со рејтинг поголем од 75 проценти. Роберт Спицер, професор по политички науки на Државниот универзитет во Њујорк, вели дека затоа Обама во својот говор многу време потрошил за американската економија

,,Економијата, како што покажуваат анкетите, генерално најмногу ги загрижува американците. Како резултат на чувството дека Обама не потрошил доволно време на економијата тој би можел да настрада политички. Затоа тој навистина сака да го сврти фокусот врз економијата.,,

Наведува Спицер додавајќи дека американците по неколкугодшните војни во Авганистан и во Ирак, се уморни од странската нестабилност. Тие имаат свои потреби, и како што вели, очекуваат нивната влада да го фокусира своето внимание врз нив.