Познати бизнисмени и политичари денеска во Давос, Швајцарија го почнуваат Светскиот економски форум. Во минатата година повеќето банкари го одбегнаа Форумот поради лутењето на јавноста за нивната улога во глобалната економска криза.
Околу две ипол илјади припадници на светската елита се очекува да присуствуваат на петдневниот настан во Давос, пикторесктен зимски центар на Алпите, за да разговараат за најголемите проблеми со кои се соочува светот, од екологијата до економијата.
На овој состанок може да се учествува само на покана, а околу 75 насто од учесниците се лидери на најголемите светски компании. Другите се шефови на држави или влади, познати претставници од невладините организации, па дури и ѕвезди од филмската и музичката индустрија.
Германскиот економист Клаус Шваб кој е основач на Светскиот економски форум вели дека годинашна мантра за учесниците е да ја преиспитаат, редизајнираат и преизградат сегашната состојба во светот. Во тоа, секако, како што наведува, спаѓаат и практичната помош за обнова на Хаити и избегнувањето на можните глобални економски кризи. Според некои аналитичари, сегашното заздравување е нестабилно и може повторно светот да го врати во економска криза.
На состанокот во Давос тешко дека некој ќе може да ја одбегне новата економска сила, Кина за која се смета дека до 2020 година ќе има поголем бруто домашен производ од Соединетите држави. Агенциите јавуваат дека Кина годинава испраќа најголема делегација во 40 годишната историја на Форумот, над пеесет претставници. Бери Босворт, економист од Брукинг Институтот смета дека Западот, наместо да се чувствува загрозен од Кина, треба во неа да гледа нова можност за заздравување на светската економија.
,,Западните земји треба да му дадат поголема тежина на фактот дека тоа е дел од светот, што расте многу побргу од Европа и од Соединетите Држави. Станува збор за многу динамичен пазар. Кина веќе не е само машина за производство, туку и место за голем пазар.,,
Вели Босворт. На Форумот ќе учествуваат и стотици врвни банкари кои во минатата година го одбегнаа поради критиките во јавноста за нивната улога во разгорувањето на глобалната економска криза. Впрочем тие и натаму се соочуваат со неповолни оценки за она што го прават за да се тргне заканувачката сенка од повторувањето на кризата.
Можеби да се избегнат непријатните коментари во врска со нивното незаслужено богатство, а и како заштита на природата, организаторите на годинашиот форум забранија банкарите да доаѓаат во Давос со големи и луксузни лимузини. Екологистите тоа го оценија како уште еден пропаганден трик со оглед на фактот што банкарите и онака повеќе користат приватни авиони и хеликоптери.

Западните земји треба да му дадат поголема тежина на фактот дека тоа е дел од светот, што расте многу побргу од Европа и од Соединетите Држави. Кина веќе не е само машина за производство, туку и место за голем пазар.