Расмусен за Слободна Европа: Конкретни резултати

Генералниот секретар на НАТО во Кабул

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен од Лондонската конференција за Авганистан очекува конкретни резултати. Во ексклузивното интервју за дописникот на РСЕ, Абубакар Сидиџи, Расмусен рече дека крајната цел на НАТО е одговорноста за безбедноста да ја превзеде авганистанскиот народ.
Се очекува авганистанската влада на Конференцијата во Лондон да презентира детален план за помирување со талибанците. Поранешните планови не добија меѓународна поддршка поради недостатокот на ресурси На прашањето дали сега е созреано времето генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расумсен изјави.

"Да, мислам дека ситуацијата ќе биде многу поинаква. Прво, затоа што сега постои политичка поддршка, а второ, затоа што јас очекувам Меѓународната заедница да обезбеди средства и да вложи напори за помирување и реинтеграција. Треба да се нагласи дека овој процес мора да биде предводен од авганистанската влада, и јас сметам дека групите вклучени во него ќе го прифатат и ќе се придржуваат кон авганистанскиот Устав и демократија."

На прашањето зошто Талибанците би учествувале во помирувањето кога нивната цел е да победат во војната Расмусен вели.
Талибанците нема да победат затоа што авганистанците ја сакаат слободата и демократијата и затоа што значително го зголемивме бројот на војниците

"Па, тие нема да победат. Ние ќе надвладееме. Тие нема да се вратат на власт во Авганистан. Прво затоа што авганистанскиот народ ја сака слободата и демократијата и второ, затоа што направивме многу важни работи за напредокот. Го зголемивме значително бројот на војниците. Го развиваме капацитетот на авганистанските безбедносни сили и постепено тие ќе ја преземат одговорноста за безбедноста. И, конечно, Меѓународната заедница ќе обезбеди повеќе средства за развој во Авганистан. Значи, поради сето ова, ќе видиме нов напредок во Авганистан во 2010 година."
Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен и Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен вели дека роковите за заминувањето на НАТО силите од Авганистан ке зависи од развојот на ситуацијата. Наша цел, рече Расмусен во интервјуто за Слободна Европа, е да биде предадена одговорноста за безбедноста на авганистанските сили. Тој ја поздрави одлуката на авганистанската влада да го зголеми бројот на силите за безбедност на ниво од околу 300.000 до 2011 година. Од Конференцијата во Лондон пак очекува конкретни резултати.

"Па, јас би сакал а и очекувам два конкретни резултати од конференција во Лондон. Прво, да се договориме за целокупната рамка за транзиција која ќе доведе до авганистанска одговорност за безбедноста на земјата. И второ. Меѓународната заедница и авганистанската влада да се обврзат на засилена цивилна обнова и развој во Авганистан.

Изјави за Радио Слободна Европа Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.