Вредна збирка икони во нова галерија во Струга

Струга и Македонија на крајот од минатата година добија нова галерија со највредна збирка икони во државава од поствизантискиот период на културно-историското наследство од југозападниот регион на Македонија. Во депото-галерија на црквата Свети Ѓорѓи, во центарот на Струга, за прв пат се изложени 50-тина исклучително вредни древни икони, дела на непознати автори, насликани во периодот од 13 до 19 век, кои пред две децении биле пронајдени во кровот на црквата
По конзервацијата од стручњаците во Струшкиот музеј иконите се претставуваат пред научната и културна јавност, граѓаните и гостите.

„Главната групација на иконите потекнува од 15, 16 и 17 век. Тоа е време кога се бележи виден подем на Охридската Архиепископија, посебно во средината на 16 век, односно целиот 16 и 17 век, благодарение на угледните и мудрите црковни прелати, кои имале голем
Главната групација на иконите потекнува од 15, 16 и 17 век. Тоа е време кога се бележи виден подем на Охридската Архиепископија, посебно во средината на 16 век, односно целиот 16 и 17 век, благодарение на угледните и мудрите црковни прелати, кои имале голем углед и моќ, така да навистина Охридската Архиепископија тие ја издигнуваат на ниво на една од највлијателните православни цркви во рамките на тогашната Турска империја
углед и моќ, така да навистина Охридската Архиепископија тие ја издигнуваат на ниво на една од највлијателните православни цркви во рамките на тогашната Турска империја. Вредноста на овие икони е посебно важна бидејќи ние прв пат како целина го согледуваме комплетното творештво кое ние го имаме во најтесната диецеза на Охридската Архиепископија. Охридската збирка на икони го презентира делот за Охрид и Охриско, а со ова тој дел се прошитува на поширок круг на таа диецеза. Инаку, секако дека составен дел на таа
збирка е и најстарата икона што ја псоедува цркавата, тоа е иконата посветена на Свети Ѓорѓи од 13 век-1267 година, што е посебна вредност на самата црква и говори за нејзината старината, првите почетоци и првоботнита градба на оваа црква од 13 век.“

објаснува докторот историчар на уметност Сашо Цветкоски, директор на Струшкиот музеј "Доктор Никола Незлобински", кој најавува дека во новата галерија ќе се сместат и иконите од најзагрозените цркви во Струшко, од каде во изминатиот период беа украдени 60-тина икони и црковни реликвии, што сега ќе се заштитат во депото на црквата Свети Ѓорѓи, светецот заштитник на Струга.

„Со галеријата на вредни икони, сместена во овој храм , кој претставува духовна и културна ризница, градот Струга како жив и динамичен сведок на културниот натпревар на цивилизациите дава универазлен придонес кон збогатувањето на трезорот на непроценливото културно наследство, што го поседува нашата држава. Со ова Струга градот на браќата Миладиновци, центарот на Македонската народна преродба, местото богато со археолошки наоди и пишувани споменици, со право го носи епитетот колевка на силе и нескршлив идентитет и интегритет.“
вели Елизабета Канческа-Милеска министерката за култура, што го финансираше отворањето на галеријата, која според вредноста и значењето е рамо до рамо со Охридската галерија на икони и галеријата со икони во Музејот на Македонија во Скопје. Според академик Цветан Грозданов, познатиот историчар на уметност, новата галерија на икони во Струга, што постојано ќе биде отворена за јавноста на пролет, кога ќе биде издаден и каталогот со икони со текст на македонски и англиски јазик за туристите, е една од најубавите галериски поставки на Балканот. Таа според Грозданов е потврда дека христијанската филозофија и верување е тоа што ги поврзувало различните етнички заедници на овие простори и затоа според него апсурдна е подебата на Античка и Словенска Македонија и дебатата за потеклото на народот што живее на овие простори.