Денеска се одбележуваат 29 години од раѓањето на Тоше Проески, кој е роден во Крушево. Во пресрет на роденденот на големата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески, синоќа во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје се одржа хуманитарен концерт под мотото „Со хуманост кон светлината“. По повод роденденот на Тоше Проески, Републичкиот завод за трансфузиологија организира крводарителска акција за продолжување на хуманата мисија на Тоше, а ќе биде отврена и Ликовната изложба „Тоше има само ден на раѓање“ во националната детска галерија што се наоѓа во Старата битолска чаршија, а делегација на детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ ќе отпатува за Крушево, каде што ќе го посети вечниот дом на Тоше Проески и ќе положи свежо цвеќе.