Ирскиот премиер Ковен утре ќе се сретне со Браун

Ирскиот премиер Брајан Ковен ќе се сретне утре со неговиот британски колега Гордон Браун со кого ќе разговара за политичката ситуација во северниот дел на неговата земја. Британските министри се во контакт со припадниците на двете најголеми партии кои неможат да одлучат на кого да му припадне овластувањето за полицијата и судството од Лондон до Белфаст. Партијата Шин Феин сака Северна Ирска да стане дел од Ирска, а Демократската Унионистичка Партија го подржува Лондон.