По понудите од Србија и Словенија, и Австрија се нуди да биде медијатор во разговорите за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција. Во посета на Скопје, на средби со македонскиот државен врв доаѓа австрискиот министер за европски и меѓународни работи Михаел Шпинделегер.
Австрискиот министер за европски и меѓународни работи, Михаел Шпинделегер доаѓа во официјална посета во Скопје на средби со македонските државни претставници. Шпиделегер и неговиот македонски колега Антонио Милошевски ќе потпишат спогодба за развојна соработка на двете земји и ќе разговараат за продлабочување на билатералната соработка велат во Министерството за надворешни работи. Покрај разговорите со министерот за надворешни работи, Шпинелегер ќе се сретне и со Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, со премиерот Никола Груевски и со претседателот на Собранието Трајко Велјановски. По понудите за помош во преговорите за спорот со името од Србија и Словенија, и Австрија се понуди да биде медијатор. Експертите се скептични, не веруваат дека понудената помош ќе влијае некако врз двете страни да ги променат своите цврсти ставови. Политикологот Жидас Даскаловски вели дека причини за понудената помош треба да се бараат во самопромоција на земјите или да се решат проблемите без учество на главните играчи во европската сцена како Германија, Франција и Велика Британија. Тој посочува дека во српската понудената помош не може да се гледа како на дипломатски притисок, но од Австрија тоа може да има и друго значење.
,,Австрија е друго прашање, бидејќи има инвестиции во Македонија и е битно заради ЕВН оној спор, така што можно е ова да биде некаков друг вид на водење на политиката на Австрија во регионот, не е директно врзана со името туку нешто друго, австриски интереси во Македонија, или политички или економски, тоа кај нас не е одделено едно со друго."
Поранешниот амбасадор Махи Несими вели дека во понудената дипломатска помош гледа само искажување на добра волја , притисок и еден вид тест колку македонската влада има интерес да го реши спорот.
,,Ако еден ви се нуди, трет ви се нуди, односно ги нуди своите добри услуги, а вие не реагирате на тоа тогаш значи дека вие не сте заинтересирани, а всушност се знае дека преговорите се водат под покровителство на ОН."
Потпаролот на Министертвото за надворешни работи, Петар Чулев вели дека го ценат интересот на европските политичари за помош во решавањето на проблемот со Грција.
,,Сметаме дека овие понуди за посредување би биле корисни, ако имаат за цел да извршат еднаков притисок врз двете страни во спорот, внесувајќи дополнителен квалитет во разговорите што се водат со посредство на Нимиц, а не да се сведат само на техничко пренесување на ставовите и позиции. Само во тој случај би имале корисна помош во решавањето на спорот."
Неодамна и премиерот Никола Груевски изјави дека секоја помош во решавањето на спорот со името е добредојдена.
Австрија е друго прашање, бидејќи има инвестиции во Македонија и е битно заради ЕВН оној спор, така што можно е ова да биде некаков друг вид на водење на политиката на Австрија во регионот, не е директно врзана со името туку нешто друго, австриски интереси во Македонија, или политички или економски, тоа кај нас не е одделено едно со друго