Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација има извонредна шанса да се пласира на ЕП догодина во Литванија и да го продолжи континуитетот настапи на континенталните шампионати по ланскиот во Полска, каде што го освоивме деветтото место.
Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација има извонредна шанса да се пласира на ЕП догодина во Литванија и да го продолжи континуитетот настапи на континенталните шампионати по ланскиот во Полска, каде што го освоивме деветтото место. Ова е општото мислење во домашната јавност по жребката која не смести во квалификациската група со Велика Британија, Босна и Херцеговина, Унгарија и Украина. Во августовските дуели со овие противници, за пласман на Еуро ќе треба да го освоиме првото место, или пак да бидеме меѓу првите две од трите второпласирани селекции во сите групи. Имајќи го предвид рејтингот, тоа ни се наметнува како императив, од кој не бегаат во националниот табор и покрај некои отворени прашања во моментов.
,,Нашата репрезентација секако дека е во состојба да се носи со секоја репрезентација меѓутоа треба да почекаме да видиме каков ќе биде одзивот, каков ќе биде собирот на репрезентативците. Се надевам дека во потполн состав со Гечевски, Антешев, Илиевски ќеимаме можност да бидеме фаворити да го освоиме првото место, но наше е на секој натпревар да го дадеме максимумот.„
Изјави помошник тренерот во репрезентацијата Марјан Лазовски, кој се надева дека ќе имаме доволно време и за надминување на проблемот со формата на кандидатите од домашното првенство, кое по откажувањата на клубови и спонзори е со многу слаб квалитет.
,,Тоа ќе се одрази секако и на квалитетот и подготвеноста на кандидатите кои што настапуваат во македонското првенство, но се надевам дека некаде околу мај, април месец ќе направиме напори со селекторот и другите помошници да го кренеме нивото на подготвеност.„
Додаде Лазовски. За споменатите проблеми се свесни и љубителите на спортот. Сепак, според нив, со сериозен однос на теренот, целта ќе биде остварена.
,,Секако дека мислам дека имаме шанси, само ако има добри подготовки.„
,,Не не некоја тешка група, би можело да се освои првото место доколку сите се залагаат како и на Европското Првенство.„
,,Противниците се послаби од нас, би можело да се случи нешто добро, само да не испадне како сега за ракометот се фалиме, се фалиме па на крајот да испадне нешто.„
Изјавија анкетираните граѓани.
,,Нашата репрезентација секако дека е во состојба да се носи со секоја репрезентација меѓутоа треба да почекаме да видиме каков ќе биде одзивот, каков ќе биде собирот на репрезентативците. Се надевам дека во потполн состав со Гечевски, Антешев, Илиевски ќе
Нашата репрезентација секако дека е во состојба да се носи со секоја репрезентација меѓутоа треба да почекаме да видиме каков ќе биде одзивот, каков ќе биде собирот на репрезентативците