Босна: На испит се граѓаните

БиХ - Сараево

По бурната 2009 по заканите за референдуми за отцепување, Босна влезе во уште по бурна предизборна година во која, според Високиот Преставник Валентин Инцко, едно од основните прашања е дали ли граѓаните, ќе ги казнат оние кои го запреа нивниот пат кон Европа.
Пред крајот на оваа година во Босна и Херцеговина ќе има парламентарни избори на кои ќе се води политичка битка за државните, ентитетските и кантоналните позиции. Во Босна, велат, предизборната кампања се води постојано, но оваа би можела да биде посебно остра, верува застапникот на ХДЗ во државниот парламент Иво Миро Јовиќ.

„Како никогаш досега, од 1995, од дејтонско-парискиот договор ние цело време како да сме во избори. Луѓето продолжија со истата реторика и кавгаџиство.Верувам дека и сега ќе има заострување, а би сакал да остане во границите на фер борба“.

Но, како што во неколку прилики рече и Високиот Преставник во БиХ Валентин Инцко, едно од основните прашања во оваа кампања е дали ли оние кои имаат најмногу овластувања, а тоа се граѓаните, ќе ги казнат оние кои го запреа нивниот пат кон Европа. Опозицијата која ја сочинуваат партиите со граѓанска ориентација на големо се готват на заеднички настап во некој вид Сојуз.
На испит овој пат се граѓаните. Ако и по 20 години не знаат за кого треба да гласаат тогаш нека живеат во оваа последна темна дупка во Европа во која влеговме поради оние кои владеат со нас

Тие велат дека минува времето на партиите со националистичка програма, но дека тие и натаму ке ја користат старата испробана метода за анимација на гласачката машина, вели Ламија Тановиќ, претседател на Либерално-демократската партија.

„Мислам дека овој пат на испит се граѓаните на БиХ, а не партиите. Тие можат и сега да водат каква сакаат политика. Ако ова 20 годишно искуство, кое ја вклучува и војната не е доволно за луѓето во оваа држава да разберат кого треба да избираат тогаш нема што повеќе да се рече. Тогаш треба да го живеат овој живот како последна темна дупка во Европа во која влеговме токму поради овие кои со нас владеат“.

Во Босна и Херцеговина и натаму владеат партиите на трите народи на бошњаците, на србите и на хрватите. Се очекува во кампањата да доминираат темите како либерализација на визниот режим со ЕУ, влезот во НАТО, Уставните промени, како и сите оние чекори кои БиХ не ги направи на патот кон ЕУ минатата година.