Грција утре до Меѓународниот суд на правдата во Хаг треба да ги достави своите контрааргументи во врска со тужбата што против неа ја поднесе Македонија за кршење на Привремената билатерална спогодба од 1995 година со блокирањето на македонската покана за членство во НАТО на Самитот на Алијансата во Букурешт. Македонија своите докази ги поднесе на 20 јули минатата година, по што на Грција за подготовка на нејзината одбрана и беше оставен шестмесечен рок, кој истекува утре. По добивањето на доказните материјали, Судот ќе изврши консултации со двете страни и ќе одлучи кога ќе почне постапката.