Не се знае точниот број на иселеници кои имаат право на глас, нема доволно амабасади и преставништа каде тие ќе можат да гласаат, не е ажуриран избирачкиот список, а не е дефиниран ниту бројот на избирачките места и одбори.
Институциите кои се занимаваат со оваа проблематика отпочнале со работи за да бидат подготвени да ја вклучат дијаспората во избирачкиот систем. Од ДИК велат дека веќе се формирани работни тела за подготовка на измени и дополнувања во Изборниот законик. Работата на групите треба да заврши до јуни годинава, а потоа по заклучоците кои тие ќе ги донесат ќе се превземаат следните чекори. Од Министерството за надворешни работи пак чекаат прво да се договорат измените , а потоа тие ќе го стават на располагање целосниот професионален капацитет на министерството и дипломатско-конзуларната мрежа во насока на успешна имплементација на сите превидени активности. Од Матицата на иселениците велат дека вклучувањето на иселениците е долг и макотрпен процес. Претседателот на Матица на иселениците, Иван Џо Петрески, вели дека проблем ќе биде и тоа што многу од иселениците намаат важечки пасоши и лични документи, а со тоа ќе немаат ни право на глас.
„Еден од најголемите проблеми на македонските иселеници во странство во моментов е вадењето на македонски пасоши. Ние имаме проблеми тука за вадење пасоши, а камо ли тие таму. До пред извесно време поднесуваа апликации за вадење пасоши во нашите амбасади во странство, а со новиот закон ова право им е скратено, за да извадат пасош мора да дојдат во Македонија.“
Претседателот на невладината организација „Мост“, Дарко Алексов, вели дека гласањето на дијаспората е мегународен стандард, но сепак се поставува прашањето колку институцитите се подготвени да одговоарат на предизвикот да гласаат и иселениците.
„Клучно во целиот процес е прво да дознаеме колку луѓе живеат надвор од Македонија, а тоа е работа и заедничка активност на МВР и МНР.“
Но досега, никој од надлежните институци незнае колку иселеници се со право на глас. Се лиферува дека има околу 560 илјади иселеници во Австралија, Америка и Канада и околу 300 илјади во европските земји. За разлика од кај нас, например во Хрватска гласачите од дијаспората се поделени во две категории: граѓани кои се во странство, но имаат и место на живеење во Хрватска, и иселеници без престојувалиште во матичната држава. Првата група гласа од странство за својата изборна единица во Хрватска, а за втората група има посебна изборна единица.
Клучно во целиот процес е прво да дознаеме колку луѓе живеат надвор од Македонија, а тоа е работа и заедничка активност на МВР и МНР.“